www.obdatim.com.mk
 
Осигурителното брокерско друштво А-ТИМ БРОКЕР АД Скопје е формирано во 2009 година, согласно Законот за супервизија на осигурување. Особено е значајно да напоменеме дека Друштвото е независно кон осигурителните друштва и е правно лице кое го претставува клиентот (осигуреникот) и ги штити неговите интереси. Услугата за нашето ангажирање е бесплатна во однос на Вас, при што нејзината цена ја наплаќаме од осигурителните друштва и не е на товар на премијата за осигурување. Услугите кои ги даваме на своите клиенти (правни и физички лица ) се следните: • Изготвување на адекватна анализа на ризикот и предложување на соодветно осигурително покритие за осигуреникот. • Договарање и обезбедување на оптимален осигурителен модел од мноштво осигурителни понуди на основа на најоптимални услови за осигурување како и економичност на истите, • Ревидирање на постоечките договори за осигурување со цел констатирање на евентуалните остапувања на договорите од важечките услови за осигурување како и нивната економичност . • Го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување, • Укажување помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред така и по настанување на осигурениот настан, • Процесирање и реализација на оштетните побарувања.
Бул.Кузман Јосиговски Питу бр.30/3 лок 4 Телефон/факс: +389(0)2 2465170 e-mail: Suzana.gracanin@ obdatim.com.mk